Полиедередеркетон ( PEEK ) е уникатен термопластичен материјал кој нуди одлична хемиска компатибилност, отпорен е на нафта, нафтени деривати и масла.
Неговата специфична тежина изнесува 1,31г/цм3.
Деловите изработени од ПЕЕК инженерската пластика
издржуваат работна температура до 260°C, притоа покажуваќи голем степен на механичка отпорност, па затоа често се користи во средина каде има врела вода или пареа.
Материјалот спаѓа во рангот на оние со
висока цена, но искуствата покажуваат дека, инвестицијата во делови кои се полесни, посилни и со подолг рок на траење во тешки околности, секогаш се исплати.